Обилниот дожд синоќа ги наполни подрумските простории на неколку згради во штипската населба 8ми Ноемрви. Станарите штетите ги видоа уште синоќа, а утрово тие беа уште поголеми.
Во изминатите години ваков проблем станарите немале, а сега тврдат дека штетата им дошла по реконструкцијата на улицата.
Идентични проблеми има и во друѓи штипски населби, но одговорноста за синоќешната поплава е на изведувачот кој ќе треба да се соочи со нова адаптација, но и оштетените станари.
ЈП Стипион и општината Штип во случајов немаат никаква одговорност, а изведувачот благовремено е известен за можните последици од несоодветно изведената реконструкција, велат од општина Штип.