Големи 1,8 милиони евра годишно пензионерите собираат за своите здруженија плакајки по 30 денари месечна чланарина. Во државата има околу 330.000 пензионери а на членство се согласиле без малку 310 000 од нив што е огромен процент.
Основна причина за членството во пензионереските сојузи и плакањето на чланарината сепак е пристап до Солидарниот фонд за кој пак се плакаат дополнителни 150 денари и кој за семејството ја обезбедува т.н. Посмртнина од 30 000 денари.
Но, клучно прашње е и што со оние 30 денари за кои анализата на специјализаринатиот портал Пари покажува дека помегу 80 и 90% од пензионерите никогаш не почуствувале бенефит од нивното акумулирање. Каде се завршуваат овие ни случајно не малку пари?
Проектирањето на излезноста на овие пари досега било проблематично многу пати за што се водеа и многу судски спорови но факт е дека едвај 10% од пензинерите се активни а уште помал прцент конкретно заинтересирани што со нивните пари.