Белиот дворец односно,партиската зграда на ВМРО ДПМНЕ треба да се продаде ,а, парите да им се вратат на граѓаните,беше мегудругото речено денеска во прес обраќањето на СДСМ Штип.
На констатацијата на СДСМ писмено реагираа од ВМРО ДПМНЕ со следнава содржина.
За пресуда во која ВМРО ДПМНЕ не е страна во постапка и не е правосилна, ОК на ВМРО ДПМНЕ не би коментирал, но да зборува и да обвинува за криминал СДСМ во која за пет години се обвинети за криминал со милионски суми неколку генерални секретари на влада со која истата раководи и мегааферата Рекет, а гласноговорник на невистините да е поранешен директор кој е променет од органот на управување на институцијата со која раководел поради утврдени незаконски дејствија, најмалку е незериозно, неодговорно и лицемерно, а за истото граѓаните се сведоци секојдневно, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.