Преку 60 земји во светот се соочуваат со се поизвесен банкрот.Поради војната и проблемите со синџирот на набавка, светот ќе се соочи со најголемата светска криза за храна во модерната историја што верувам ќе биде барем во наредните 2 години.Што се однесува до крипто маркетот, големиот раст на долг рок е неминовен.Верувам дека до крајот на оваа година можно е да видиме големо отскокнување во позитивна насока, вели во разговор за „Локално“, Дарко Симуновски, Крипто експерт, портфолио стратег и уредник на tokenpaddock.com. Биткоин е веќе докажан и несомнено ќе стане национална валута, смета Симуновски додавајќи дека во многу држави Биткоинот ќе се чува како дел од национални резерви.