ВМРО ДПМНЕ ги троши народните пари за партиски унапредувања во општина Штип, обвинија денес на прес конференција од ВМРО ДПМНЕ.
Народните пари безмилосно ги трошеше и ги потроши СДСМ , возратија од Општината.
Клучно што треба да го знае СДСМ, но и јавноста е дека токму тие оставија долг од 5 милиони евра, кои граѓаните треба да ги плаќаат. Исто така, друга клучна информација е тоа што во моментов во Општина Штип има помалку вработени, во споредба со изминатите 5 години. Затоа, лицемерно е да се зборува за трошење народни пари и унапредување на постоечки вработени, бидејќи тој начин е функционирање е карактеристичен единствено за партијата СДСМ, стои во реакцијата од општина Штип.