21.2 C
New York
Monday, September 26, 2022

Buy now

spot_img

Професор Дејан Мираковски е новиот ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“

Дејан Мираковски, редовен професор на Факултетот за Природни и технички науки е новиот ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Ова го одлучија гласовите на професорите од Наставно научните совети на сите факултети во рамките на УГД на денешното гласање.

Според првичните информации од сите изброени гласови проф. д-р Дејан Мираковски има освоено 769,8 поени, проф. д-р Винета Сребренкоска 543,1 поени, проф. д-р Емилија Јаневиќ Ивановска 508,12 поени, проф. д-р Зоран Панов 477,64 поени, проф. д-р Владо Гичев 291,52 поени и проф. д-р Татјана Пачемска 209,41 поени.

Според моделот на избор гласовите од факултетите се претвораат во поени кои подоцна се додаваат на кандидатите и оној кој освоил најмногу поени е избран за ректор.

Новиот ректор има мандат од три години.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,504FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles