Адвокатот Срѓан Алексиќ рече дека добил повеќе од 3.340 барања од српски граѓани кои би сакале да ја тужат НАТО алијансата поради рак како последица на употребата на осиромашен ураниум, додавајќи дека покренувањето на постапката се очекува наесен. Отштетата може да оди од 100.000, па и 300.000 евра, имајќи ја предвид штетата што ни ја направија, рече тој и нагласи дека „српскиот живот вреди колку и италијанскиот“.