100 денари старт. На психолошката потрошувачка линија е позиционирана новата најавувана цена за такси превозот во Штип, тврдат овдешните такси здруженија.Зошто токму на спомнатата линија, Од здружението на такси превозници, објаснуваат за ТВ Стар.
Причина за корегирање на цените во такси превозот се познати, дополнуваат од Здружението.
Во моментов, цената за старт одобрена и од Советот на општината е 70 денари, а најавите за дополнително покачување, ни најмалку не им се допаѓаат на граѓаните.
Во мегувреме е распишан тендер за избор на најповолен транспотер за линиски превоз. Доколку нема никакви пречки, истиот по повеќегодишна пауза би требало да профункционира од септември годинава.
Регулаторна денеска ги утврди новите цени на горивата. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50, а на ЕУРОДИЗЕЛ за 3,00 ден/лит.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 111,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 113,50, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 107,50 денари за литар.
За 2,50 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и литар ќе чини 105 денари.