По повод 14ти јуни – Светски ден на крводарителството, општинската организација на Црвениот крст од Пробиштип со поддршка од општината, го одбележа денот со доделување на благодарници и пригодни подароци на четворица крводарители од нашата општина кои дарувале крв над 50 пати. Црвениот крст од Пробиштип и за изминатата 2021 година го исполни и надмина планот за крводарителство, за што како организација го доби последователното 16-то јубилејно признание.