Со оваа петиција жителитеод карбинското село Козјак, бараат соодветна реакција на општинските власти со цел да им се врати спокојството, нарушено од лавежот на домашните миленици од нивен сосед.
Освен спокојството, проблем е како што тврдат нашите соговорници и недоволното ниво на хигиена.
Градоначалникот Виктор Паунов е оптимист. Наскоро, согласно меѓуопштинската спогодба со штипската општина, состојбата ќе ја опсервира комуналниот инспектор од оваа општина.
Во мегувреме, за ТВ Стар прозваниот одгледувач на кучиња ги демантира соселаните за нивните забелешки. Тврди, дека ја има соодветната документација со која се докажува оддржувањето на оптималните услови за чување на домашни миленици,а нивниот лавеж не е причина за нарушеното спокојство на козјачани.