Иако е пазарна економија, во услови на криза трговскиот морал мора да проработи, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битики во гостувањето на Утрински брифинг. Според него, во првите пет дена од месецот се случувале и нехумани поскапувања.
Покачувањата, кои стигнаа до речиси сите артикли, силно го тресат стандардот, поради што владините мерки за помош се очекуваат итно. Битики се надева дека тоа ќе се случи за 30, а најмногу 40 дена отсега, а кој се ќе добие помош, анализи се прават сега.
Економската криза е продолжение на пандемската и таа граганите ги турна во немилост на цените поради што бројот на социјалните групи кои очекуваат помош е поголем отколку во пандемијата. Со Ребалнас на Буџетот за фирмите и граѓаните се предвидени 76 милиони евра, кои владата во моментов тврди дека може да ги издвои, а за кои опозицијата смета дека се симболично малку.
Владата не покажува соодветен интерес за граѓаните и компаниите бидејки предвидената сума не е доволна за да се ублажат последиците од кризата, се изјаснија од ВМРО ДПМНЕ.
Во исто време, Синдикатот побара измени во Ребалансот барајќи 2806 денари линеарно покачување на административните плати да бидат вкалкулирани во него.