Граѓаните да си ги проверуваат редовно струјомерите и да се заштитат од можни злоупотреби и натпишувања на киловати кои не се потрошени, тредупреди во интервју вицепремиерот Фатмир Битиќи , сугерирајќи да се реагира на секоја евентуална неправилност.
Од друга страна, новиот начин на тарифирање ја отвора дилемата дали може да се случи префрлање на киловати од еден во друг месец и да се создадат вештачко високи сметки.
Инаку, речиси редовна појава, граѓани да реагираат на повисоки сметки од реалните, за што неколку претставки имаше и до Народниот правобранител.
Оттаму денес побараа, наместо еднаш годишно како што е сегашната регулатива, ЕВН да има обврска смнетките да ги отчитува почесто.
Дополнително, ќе се разгледува и можноста на барање на граѓаните износот кој лани го потрошиле за струја, следната година да им се распредели на 12 еднакви рати, со тоа што, израмнувањето на помал или повисок изност да се прави на крајот од годината.