Од утре до 30 јуни Државниот завод за статистика ќе спроведе пробен попис на земјоделството со кој ќе бидат опфатени одреден број семејни земјоделски стопанства и деловни субјекти што се регистрирани и се занимаваат со активности поврзани со земјоделството. Основна цел на Пробниот попис е да се тестираат методологијата и прашалниците за спроведување на Пописот, како и организациските и стручните аспекти на оваа активност.