Женската ракометна екипа на Астибо, член на Супер лигата на Македонија, овие денови се наоѓа на турнеја во Австрија, на покана на најдобриот тим во Втората лига Холабрун. Штипјанки ќе учествуваат во промоцијата на австриската екипа за најдобра во Втората лига. Во Холабрун , во машката екипа, игра и штипјанецот Влатко Митков, екс репрезентативец на Македонија.