Од 17 до 19 јуни во Прага, Чешка ќе се одржи ЕП во карате за кадети и јуниори. Ќе учествуваат 1084 каратисти, меѓу нив и 35 македонски. Во составот на македонската репрезентација се наоѓаат и членовите на КК Штип, Григор ХАЏИКИМОВ, кој на последното ЕП во сениорска конкуренција за малку испушти медал, иако забележа три победи ( го освои 9 место) и Љупче МИХАЈЛОВ. Григор ХАЏИКИМОВ ќе настапи во категоријата 67 кгр, до 21 година возраст , додека Љупче МИХАЈЛОВ во категоријата до 68 кгр во јуниорска конкуренција.