Територијалната против пожарна единица во Пробиштип за прв пат доби комплетно ново противпожарно возило. Општина Пробиштип преку Бирото за рамномерен регионален развој при Министерство за локална самоуправа обезбеди средства во висина од 6 милиони денари и дополнителни 1,2 милиони денари од сопствениот буџет за набавка на возилото. Она што го изготвува општината за наредниот период е проект за изградба на нов објект за потребите на пожарната единица, и истиот би служел и како центар за обука на пожарникари од овој регион.