Албанскиот премиер Еди Рама денеска за време на престојот во Киев ја повика Украина да го преиспита својот став за признавањето на т.н. Косово, бидејќи, како што изјави, „тој народ го заслужува тоа“. Премиерот на Албанија, Еди Рама, за време на својот говор на средбата со неговиот украински колега Денис Шмихал, го привлече вниманието на Косово и истакна дека Украина сè уште не го признала Косово, пренесува Albenien Post.