И годинава, на полни училници може да се надева само средното медицинско во Штип. Овде, веќе на првиот ден од уписите слободни останаа само 75 места, додека 153 се пополнија.
Во останатите училишта, незивесно ќе биде до последниот ден, зашто интерес има, но и многу слободни места:
Првиот ден од уписите , многу надеж не донесе ниту во единственото средно училиште „Методија Митевски – Брицо“ во Делчево, каде од 186 слободни места се пополнија само 69.
Уписите ќе траат и утре до 19.00 часот, при што сите оние завршени основци кои не успеале да се пријават електронки, ќе добијат помош во училиштата.
Второто пријавување и шанса за упис ќе ја имаат вече на 21 и 22 јуни.