Приведен вработен во Шумското стопанство Малешево од Берово. Полицијата него го сопрела на регионалниот пат Берово-Виница, кај место викано „Обозна“, поради сомнение за незаконско издавање на испратници за превоз на дрва.
По преземени мерки и при претрес кај него и во неговото возило, биле пронајдени и одземени пари, повеќе кочани со испратници издадени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, бланко испратници, чекан за жигосување на дрвна маса и мобилни телефони.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.