13 C
New York
Wednesday, September 28, 2022

Buy now

spot_img

Пченицата годинава не ја даваме без добра цена, најавија производителите

Пчаницата годинава не ја даваме без добра цена, порачаа производителите на лебно жито на неколку денови пред стартот на овогодинешнава жетва.

Според нив, најбараниот производ во државата и пошироко, треба да биде и соодветно платен.

Во просек , во Македонија се произведуваат околу 80.000 т. пченица, додека потребите се над 100.000. Ова значи дека земјоделците може да се надеваат на целосен откуп, имајќи предвид дека светот се соочува со недостиг на пченица.

За разлика од претходните години, оваа се очекува добра жетва и враќање на нивото на некогашните приноси.

Ова првенствено е резултат на поволните климатски услови, објаснуваат агрометеоролозите.

Од она што го забележуваме на терен, и од сегашните временски прилики можам да кажам дека може да се очекува позитивен ефект кај производството на земјоделски култури. Со заладувањето и дождовите културите се освежија, освен онаму каде што има штети од невремето и од градот. Но, генерално очекуваме подобар род годинава и кај јачменот, и кај пченицата, па и кај сончогледот, вели Ангелко Ангелески, агрометеоролог при Управата за хидрометеоролошки работи.

Сепак, овој оптимизам не го делат голем дел од производителите  на пченица во Овчеполието, каде годинава се очекуваат ниски приноси поради недоволното и неневремено ѓубрење.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,506FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles