15.1 C
New York
Saturday, October 1, 2022

Buy now

spot_img

1,2 милиони евра од штипскиот самопридонес веќе 28 години безнадежно чекаат да се надмине меѓупартиската суета

Цели 28 години 1,2 милиони евра од штипскиот самопридонес организиран во 1994 година , безнадежно стојат неискористени  поради партиски ривалитет и интереси.

Пред 28 години , граѓаните на Штип и Карбинци имаа многу добра волја и ленсо беа убедени од своите плати да издвојат пари за изградба на брана на Козјачка река и да го решат водоснабдувањето.

Од предвидениот проект, не излезе ништо , а парите со извесни манипулации останаа таму каде што се , но политичарите , за разлика од граѓаните никогаш не ги заборавија.

Првиот обид да бидат ставени во функција беше во мандатот на Димитар Ефремов од 2000 до 2005 година, кога беше организиран и референдум но истиот пропадна поради немање на цензус.

Пет години подоцна во 2010 година ист обид имаше Зоран Алексов, но и тој заврши без успех.

На темта пари од самопридонесот се дебатираше и во 2014 година во времето на Илчо Захариев, но нештата не отидоа подалеку од дебата.

Во сите случаи , тогашните градоначалници имаа намера парите да ги инвестираат во реконструкција на дел од водоводната мрежа. Но ако градоначалникот беше од СДСМ, поддршка немаше од ВМРО ДПМНЕ и обратно, па ниту една иницијатива не успеа.

Сега, актуелниот градоначалник Иван Јорданов, повторно најавува референдум за парите од самопридонесот.  Очекувано, одлуката во Советот ќе ја поддржат советниците од матичната партија на Јорданов, ВМРО ДПМНЕ:

Сепак, колку иницијативата е прифатлива за останатите партии  од Советот:

До нас нема доставено никаква писмена информација за распишување на референдум. Кога ќе добиеме такво нешто, истата ќе ја разгледаме и ќе се произнесеме, велат од СДСМ.

Од друга страна, на трезорска сметка има 1,2 милиони евра но дел од овие пари ќе бара и општина Карбинци, зашто и нејзините жители беа дел од референдумот во 1994-та.

За распишување референдум потребно е одлука на општинскиот светот.

За да биде успешен референдумот, односно да биде донесена референдумска одлука, на гласање треба да излезат  50 отсто  плус еден, од бројот на избирачи запишани во Избирачкиот список на општината. Одлуката донесена на референдумот е задолжителна.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,509FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles