Украина не смее да го претрка Западен Балкан за членството во ЕУ. Не смее да има првокласни и второкласни кандидати за ЕУ, предупредува австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг. „Не смееме да паднеме во геостратешка тунелска визија, туку мора да гледаме и кон југоисточниот дел на Европа. Мора да бидеме внимателни за сигналот што го испраќаме , потенцира Шаленберг.