13 C
New York
Wednesday, September 28, 2022

Buy now

spot_img

Се преврте автомобил на седмиот километар на патот Штип – Радовиш.За среќа жртви нема,повредените се со телесни повреди

Двајца повредени,за среќа без човечки  жртви е денешниот биланс од сообраќајката што утринава се случи на седмиот километар на стариот пат Штип – Радовиш.Според првичните сознаниа од надлежните, дадени за ТВ Стар, е дека, сега повредените, граѓани на Штип, тргнале кон имотот на возачот со цел извршување на дневни обврски.

На лице место интервенираше и штипската противпожарна екипа.

Екипата на Брзата помош бргу се нашла на местото на несреќата и повредените итно ги префрлила  во КБ.

„ Утринава хоспитализирани се двајца пациенти со утврдени телесни повреди. Лицата се во свесна состојба и врз нив се извршени  неопходните лекарски испитувања“, информираат од КБ Штип

Овој дел од делницата Штип – Радовиш помеѓу учесниците во сообраќајот е една од неколкуте црни сообраќајни точки, каде не ретко се случуваат вакви и слични несреќи.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,506FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles