Речиси секојдневно сведочиме за драмата на бегалците, кои грчките безбедносни сили ги прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па дури и убиваат, истакна Ердоган. Тој се обрати преку видеопорака на Глобалната парламентарна конференција за миграции, чиј домаќин е Големото национално собрание на Турција, заедно со Интерпарламентарната унија во Истанбул.