Развојната банка започна со реализација на бескаматна кредитна линија за обртни средства за микро, мали и средни претпријатија. Износот на средствата за реализација на оваа кредитна линија е 10 милиони евра. Максимален износ на поединечен кредит е 60 милиони денари со рок на отплата до 36 месеци со вклучен грејс период до 12 месеци.