Вистинска драма во својот дом преживеала возрасна жена од Штип, откако дома била нападната од засега непознато лице. Инцидентот се случил среде бел ден околу 16.00 часот, кога непознат и заѕвонил на вратата, а потоа физичлки ја нападнал и се обидел да ја силува.
Енергичноста и присебноста на жената на возраст од 70 години и помогнале да се одбрани од напаѓачот по што успеала да се ослободи и спаси.
Случајот го потврдуваат и од полицијата , од каде засега повеќе детали не соопштуваат:
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР – Штип.
Во меѓувреме, на сите им се советува внимателност , особено оние што живеат сами да не отвората врата на непознати, а сите сомнителни движења и делување во соседството , веднаш да ги пријават во полиција.