Почетокот на летото најавува и поголема потрошувачка на вода. Досегашното искуство покажува дека со покачувањето на температурите, вода се троши и до 30 % повеќе.
Ова значи дека ЈП-ја пред себе имаат голем предизвик , зашто зголемената потрошувачка на вода, за нив значи и поголеми трошоци за обработка и дистрибуција.
Ова е уште еден голем проблем за ЈП-ја кои и онака се во долгови до гуша и со тековни сметки неколкукратно повисоки од редовните.
Големата потрошуачка на вода, главно е резултат на нејзиното нерационално трошење. Се мијат дворови, се вадат бавчи , се полеваат тревници.
Досега ниту еден од апелите за одговорност и рационалност не помогна, па се размислува, по примерот на струјата, да се воведе и скалесто плаќање на водата . Кој троши повеќе, повеќе и да плати.
Вообичаено , регионот троши околу 1.000 л/секунда вода за пиење, а во летните месеци оваа количина достигнува и до 1.300 л/сек.