Јавната администрација од денес е во активен генерален штрајк кој се однесува на 90% од вработените кои во државата ги има околу 138 000. Имено, админитративците денес на работа беа, но работните обврски ги одложија на неодредено очекувајки реакција на владата.
Преговорите помеѓу Синдикатот и владата започнаа уште од март, но се до вчера линеарно очекуваното покачување од 2 806 денари администрацијата не го доби. Каде пукна во преговорите и зошто до покачување не дојде?
Од друга страна, од владата за синдикланите барања изјавија.
Влада „Над 72% од вкупно вработените лица во јавниот сектор имаат или ќе имаат зголемување на плата, останатите лица од јавниот сектор се оние кои се вработени во јавните претпријатија на државно и локално ниво, каде што одлука за зголемување на плата носат самите претпријатија, објаснија од владата.
Експертот и активист за работнички права Драге Јовановски пак размилсува поинаку.
„Мислам дека сега не е вистинско време за генерален штрајк, бидејќи треба да се очекува што ќе се случува после овој штрајк. Дали после штрајкот ќе има пари за да се дадат и задоволат барањата на синдикатите, оти сега гледаме дека нема. Се наоѓаме среде состојби со Бугарија, се чека разврска од Брисел, се чека исходот од Украина, вели Јованвски.
Слично мислење делат и економистите и тоа од следните причини.
Економски не е реално да се покачат платите оти веќе има инфлација, но од друга страна, имаме веќе високи трошоци на живот и удар од јавната администрација за нивелирање на платите, објаснува економистот Абил Бауш.
Без оглед на ова, Синдикатот стои цврсто на одлуката бараните 2 806 денари вработените да ги добијат и тоа веке од 1 јули. Во спртивно, тие денес се заканија дека многу бргу ке побараат и оставки.