11.5 C
New York
Wednesday, September 28, 2022

Buy now

spot_img

Новите тарифни модели и цени на струјата ги избезумија пензионеите  и сите со ниски примања

Новите тарифни модели и цени на струјата ги избезумија пензионеите  и сите со ниски примања. Своите дилеми и размислувања околу новата пресметка на потрошувачката на струја, тие вчера ги искажаа преку емисијата Проблем или песна на ТВ Стар.

Особена загриженост искажаа пензионерите кои живеат со ниски пензии, а трошоците секојдневно им се зголемуваат.

Причина за синоќешните реакции на гледачите на ТВ Стар беше прес конференцијата на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски кој ги соопшти новите тарифни модели според кои ќе се наплаќа струјата.

Цените на блоковите ќе важат само за време на скапата тарифа. 

Првиот блок е до 210 киловат часови месечно. Вториот блок е од 210 до 630, третиот од 630 до 1.050 потрошени киловат часови. Последниот четврт блок за тарифирање се домаќинства кои трошат над 1.050 киловати. 

Електричната енергија во пониските блокови ќе чини поевтино, додека оние што трошат повеќе ќе плаќаат поскапо. Цената на струјата која ќе се плаќа од 01 јули, реулаторна би требало да ја соопшти утре или задутре.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,506FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles