21.2 C
New York
Monday, September 26, 2022

Buy now

spot_img

Бројот на корона позитивни расте. Комисисјта за Заразни болести препорачува самозаштита, а ги споменува  и маските

Комисија за Заразни болести на денешниот состанок констатирала дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела и тоа за 65,8%:

Воедно констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации(во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со Ковид и нема зголемување на бројот на смртни случаи, стои во соопштението од Комизијата за заразни болести.

Очакувањата се дека пораст на нови корона случаи допрва ќе има.

Колку за илустрација, во Албанија, за само еден ден регистрирани се 500 новозаразени, а во Грција дури 20.000 .

Ова повторно ја актуелизира темата на заштита и само заштита, а од Комисијата за заразни болести ги споменуваат и маските.

Земајќи го во превид трендот на зголемување на позитивните случаи од Ковид во соседните држави и светот потсетуваме на обврската за задолжитенло носење маски во здравствените установи, згрижувачните установи , аптеките и јавниот превоз“, велат од Комисијата.

Оттаму дополнително препорачуваат до граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги  користат општите мерки за лична заштитна, а тие се: заштина маска, одржување растојание и одржување на лична хигиена особено при посета на затворени и невентилирани простории.

Во моментов во Државата има 750 корона позитивни пациенти, од кои 30 се во Штип, Кочани, Делечво, Берово, Пробиштип  и Свети Николе. Состојбата со ковид инфекциите внимателно се следи и во зависност од промените ќе бидат донесени и  соодветни препораки.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,504FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles