Министерството за земјоделство започнува нов проект за изготовка на Национална стратегија за oбезбеденост со храна. Истата треба да послужи како патоказ за утврдување на националните приоритети за подобрување на домашното земјоделско производство. Крајната цел е да се направи нашиот прехранбен систем поиздржлив и отпорен на идни кризи како оваа со војната во Украина, кои можат да ја загрозат националната обезбеденост со храна.