15.1 C
New York
Saturday, October 1, 2022

Buy now

spot_img

На градскиот пазар денес можеше да се најде и овошната убавица која потекнува од Ерменија

Во се поголемиот избор на овошја завидно место денес на градскиот пазр во Штип имаше и овошната убавица која овде дошла од Ерменија. Нејзините големи пет минути се овие недели, а нејзините обожаватели тоа го користат.

Станува збор за една од најегзотичните овошја кај нас присутни односно за кајсиите кои се познати и под името шамки. Успеваат во сите дворови, но најмногу и одговараат потоплите региони.

Познато е дека кајсијата може да се конзумира на различни начини, а домакинките со неа често знаат да ги покажат своите кулинарски вештини. Свежа, компот од кајсија , слатко и многу друѓи начини се во опција.

Освен делот кој созрева, кајсијата има и семка која е исто толку здрава и употреблива како и самиот плод.

Освен кајсијата на градскиот пазар во Штип можеа да се најдат сезонски овошја и зеленчуци во изобилство, а нивните цени беа следни.

Компир 25, лубеница 25, диња 40, домат 40-60, краставица 30-40, банана 70, јаболка 50, праска 70, зелка 30 и пиперка 80 ден/кг.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,509FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles