15.1 C
New York
Sunday, October 2, 2022

Buy now

spot_img

Затворени јасли во детска градинка во Штип. 7 деца завршиле на Инфективно

Државниот здравствен и санитарен инспектат ја затвори просторијата каде е сместена  јаслена група од 20 дечиња, поради пројавени симптоми слични на труење кај 7 од дечињата:

По добиена информација од Центарот за јавно здравје Штип дека 7 деца од група јасли  побарале помош во Инфективното одделение со симптоми сомнителни на алиментарна токсико инфекција, ДСЗИ извршиле вонреден инспекциски надзор заедно со инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство и техничар од ЦЈЗ. Донесено е решение за затворање на делот каде се јаслите, како и делот каде се подготвува храната. Наложен е и вонреден санитарен преглед на вработените “, информираат од ДСЗИ.

Оттаму додаваат дека по протокол се земени брисеви од вработените, од кујната и примероци од храна.

Од градинката Вера Циривири Трена, ја потрдуваат информацијата за ТВ Стар, но се убедени дека во прашање е вироза, а не труење, зашто од истата храна јаделе 400 дечиња и кај никој од нив, не се забележани никакви проблеми.

Инаку, во текот на вчерашниот ден, на Инфективното одделение во Штип за  лекарска помош се однесени 7 дечиња од истата јаслена група. Две од нив, се задржани на болничко лекување, од кои едното во попладневните часови е пуштено дома, а другото е задржано.

Останати 5, по прегледот и дадената терапија, исто така се упатени на домашно лекување.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,509FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles