Со овој гест, градоначалникот на штипската општина Иван Јорданов, ја реализира помошта од општината кон граѓаните во штипските населби кои од ноќеска останаа без вода за пиење. Штипјани се благодарни. За нив, ова ќе го амортизира новонастанатиот проблем со немањето на вода за пиење.
Во меѓувреме, цистрена на ЈП Исар, едно возило на против пожарната екипа, беа денеска во повеќе градски населби, каде од синоќа, поради дефектот на една од главните водоводни линии останаа без вода за пиење.
Застарената водоводна мрежа е главна причина за проблемот со водоснабдувањето во таканаречената ниска зона во градот.