16.1 C
New York
Monday, September 26, 2022

Buy now

spot_img

Пазарен барометар – Лековити билки

Иако можеби сега не им е сезоната за консумирање, дефинитивно е  време за набавка и складирање на лековити билки за чај.

Во маркетите тие се нудат пакувани , но народот добро знае дека најдобрите чаеви се берат во природа. За оние кои тоа не можат да го направат, богата понуда на билки за чај има на градскиот пазар.

Но долг е патот од билка до чај, па по берењето, додека да стигнат на тезгата , билките минуваат низ посебен третман.

За граѓаните, куќа без чај не е куќа, особено онаму каде се води сериозна сметка на здравјето.

Мајчината душичка, кантарионот, глогот и другите лековите билки денес беа само дел од понудата на градскиот пазар во Штип. Останатите продукти , оние за секојдневна употреба и денес ги имаше во многу облици , а најбараните во 13.00 ласот беа со следниве цени:

Компир 25 , лубеница 15, диња 40, краставица 20, банана 60, јаболка 50, праска 40, зелка 20 , пиперка 60 ден за кг.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,504FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles