15.1 C
New York
Sunday, October 2, 2022

Buy now

spot_img

Над 760 пензионери од Кочани ќе останат без дрва . Национални шуми не можат д аим ги испорачаат

Над 760 пензионерски семејства од Кочани ќе мораат за претстојната грејна сезона сами да се снаоѓаат и да обезбедат огревно дрво, откако денеска од Здружението на пензионери на општина Кочани добиле известување дека договорите за набавка се раскинати.  Во известувањето до членовите на Здружението се нагласува дека испораката на дрвата, што веќе требало да се реализира, е откажана поради административни и технички причини. Средствата во висина од околу 10 милиони денари, што пензионерите ги платиле, ќе им бидат вратени.

Од  ЈП „Национални шуми“  бевме информирани дека можат да се обезбедат количини за околу 200 семејства, а за останатите нема услови. Поради тоа, Извршниот одбор на Здружението донесе одлука договорите за испорака на дрвата да се прекинат, а парите што пензионерите веќе ги уплатиле кај нас, да им бидат целосно вратени. Оценивме дека е подобро навреме да ги известиме за проблемот, за да можат да се обезбедат од други снабдувачи, истакна Ѓорѓи Серафимов, претседател на Здружението на пензионери на општина Кочани.

Сепак, со парите што ќе им бидат вратени, пензионерите  ќе можат да купат за 30 отсто помалку дрва од претходно договореното. Причина за тоа е драстичното поскапување на огревните дрва, како и покачувањето на цените за испорака.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,509FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles