16.1 C
New York
Monday, September 26, 2022

Buy now

spot_img

Со 50.000 евра, штипската општина ќе го решава проблемот со кучињата скитници.Избран е економски оператор за оваа намена од Куманово

Со 50.000 евра, штипската општина ќе го решава проблемот со кучињата скитници. На електронска аукција согласно тенедерот,избран е најповолен економски оператор за оваа намена, информираат денеска од општината.

Во меѓувреме денеска се оддржа работна средба на градоначалникот Иван Јорданов со претставници на Здруженијата за заштита на животните,со цел, тие да врќат надзор на работата на економскиот оператор кој е од Куманово и кој би требало да започне со работа идната недела.

Првичните проекции говорат дека годишно во штипската општина ќе бидат третирани околу 140 кучиња скитници.Освен ова, општината планира да изготви проект за адаптација на постоечкиот стационар за кучиња скитници, кој во моментов е затворен,по реакција на АХВ поради неисполнување на потребните стандарди предвидени за работа на објект од ваков вид. Истиот е лоциран во некогашните магацини на ЈНА. Планот е да профункционира во текот на наредната година.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,504FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles