Завршија градежните работи за реконструкција и санација на популарната чешма на место за одмор на делчевци, над с. Ѕвегор. Поставена е урбана опрема, просторот е поплочен со бехатон плочки, поставена метална настрешница, а самата чешма доби и нов лик со декоративен камен.