16.6 C
New York
Saturday, September 24, 2022

Buy now

spot_img

Поради неодговорност, над 700 приматели на паричен надоместок неможат да ги добијат парите.

729 приматели на парична помош по неколку основи од Штипската агенција за вработување веќе неколку дена чекаат да ги добијат парите. Доцнењето на планираните пари нив ги вознемири за што веднаш реагираа.

Иако навреме неисплатените пари поремети многу планови и предизвика загриженост од штипската агенција за вработување го објаснуваат случајот.

Поради назначувањето на нов раководител со задолжување на АВРСМ и постапката за депонирање потпис, потребно е да се изврши промена на картонот на депонирани потписи. Целата постапка очекуваме да се заврши во најбрз можен рок. Се надеваме на трпение и разбирање  за овие законски процедури од сите приматели на парични средства по тип на право и намена, стои во образложението.

Сепак неизвесноста нема долго да потрае, бидејќи според информации на ТВ Стар добиени од надлежната институција проблемот ќе се реши најдоцна до утре. Надлежните уверуваа дека корисниците можат да бидат спокојни бидејќи парите по досегашната динамика ќе почнат да се исплаќаат за неколку дена.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,500FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles