21.2 C
New York
Monday, September 26, 2022

Buy now

spot_img

Тројца работници на кочански Водовод повредени. Нападнати се додека работеле

Тројца работници на кочански „Водовод“ се нападнати додека работеле на одстранување на дефект на ул. „Бел Камен“. Кај едниот од вработените констатирани се повреди на главата, кај вториот скршеници на ногата, а третиот поминал со полесни телесни повреди.

Според информации на ТВ Стар,  работниците биле жртва на гневот на седуммина кои ги нападнале и претепале додерка си ја вршеле работата.

Инцидентот го потврдуваат и од полицијата, од каде веќе работат на случајот, поради што се воздржани за повеќе детали:

Се работи на утврдување на деталите и околностите под кои се случил настанот. По комплетирање на документацијата ќе бидат превземени соодветни чекори, информираат од СВР.

ЈКП Водовод,  деновиве се сооочува со голем број дефекти и прекини во водоснабдувањето што , веројатно било причина за нападот врз работниците. Од денес, тројцата нападнати работници се на боледување, па ситуацијата , дополнително ќе се ископмлицира, велат од Претпријатието :

Останавме со половина екипа од групата за одржување и ќе биде навистина тешко по инцидентот во период на годишните одмори да одговориме на сите предизвици. Се надеваме повредените колеги што е можно побргу да ни се вратат“, информираат од  „Водовод“.

Вкупната примарна и секундарна водоводна мрежа, е со должина од 160 километри, а околу 200 километри изнесува приклучната мрежа до потрошувачите.  Дневно, во Кочани  се случуваат по 5-6 дефекти, вклучувајќи викенди и празници.

Инцидентот во Кочани, е најголем, но не и единствен со кој се соочуваат вработените во јавните претпријатија во Регионот:

Освен во Кочани со немили ситуации речиси секојдневно се соочуваат и вработените од останатите јавни претпријатија во регионот и тоа е проблем кој треба да се решава. Има цели улици и населби каде инкасатори и сервисни екипи на Јавните претпријатија не влегле со години од страв по сопствената безбедност.)

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,504FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles