16.1 C
New York
Monday, September 26, 2022

Buy now

spot_img

Во Кочани запленети  238 кг марихуана вредна 400.000 евра. Транспортот се вршел и со возила на ЈКП „Водовод“

Полицијата заплени 238 кг марихуана во Кочани вредна 400.000 евра. За нелегалната трговија со дрога, осомничен е бугарски државјанин – сопственик на фирма за канабис.

Во транспортот на марихуаната било вклучено и возило на кочанското јавно претпријатие „Водовод“.

Дрогата, полицијата ја нашла на кочанската депонија во комуналното возило.

Пронајдената марихуана е одземена и  предадена во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења за понатамошна постапка.

Против сопственикот на фирмата за канабис, лице на возраст од 39 години со иницијати С.В.К. како и против правниот субјект, поднесена е кривична пријава.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,504FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles