Штипската полиција денес беше меѓу возачите на мотори, велосипеди и електрични тротинети во намера да ја подигне свеста и одоговорноста за нивно правилно и безбедно користење. Клучно во оваа насока е задолжителното носење на заштитна опрема.
Моторите се особено популарни во летните месеци, а сите возачи се едногласни за важноста од носење заштита , но низ улиците денес ги имаша многу повеќе без отколку со заштитен шлем.
Инаку, полициската статистика покажува дека почитувањето на сообраќајните правила, но и ваквите превентивни акции, даваат резултати.
Денешната активност на Отсекот за превенција при СВР – Штип, насловена како Вози безбедно – Вози одговорно е дел од големата кампања на полицијата за Безбедно лето.