16.1 C
New York
Monday, September 26, 2022

Buy now

spot_img

Не е се изгубено. Преку референдум работите ќе ги вратиме на своето место, тврди лидерот на ВМРО ДПМНЕ , Христијан Мицковски .  Нова лага и манипулацвиај возвратија од СДСМ

Бујар Османи вчера потпиша капитулација а дипломатијата доживеа нокаут. Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, Османи потпишал само Предлог преговарачка рамка.

Ова според Мицковски е шанса работите да се исправат бидејќи за промена на Уставот се потребни 80 пратеници кои власта сега ги нема. Оттука, ВМРО ДПМНЕ планира референдум за што наскоро ќе организира сибирање на 150. 000 граѓански потписи.

Од СДСМ за референдумската  идеја на Мицковски велат дека е само уште една граѓанска лага и манипулација:

Инаку, На национално ниво досега во државата се организирани три референдуми. Последниот се одржа на 30-ти септември 2018 година, кога граѓаните на референдум се изјаснија на прашањето „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција“. Референдуми имаше и во 2004 година за територијалната поделба на земјата, додека на 8 септември 1991 се одржа референдумот за независност.

Референдум може да распише Собранието или советите на општините. Доколку го иницираат граѓани, треба да соберат 150 илјади потписи на државно ниво, а на локално ниво иницијативата треба да ја поддржат 10 отсто од запишаните гласачи во таа општина.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,504FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles