Штипската депонија во еден дел делумно денес повторно гореше, а сите индиции , според директорот Трајче Здравков се дека депонијата намерно се пали.
Очевидци на овој , но и на претходи пожари на оваа локавција за ТВ Стар изјавија:
„ Денешниот пожар во Штипската депонија е како резултат на отпад , но и лесно запалива материја чие потекло е од познат индустриски капацитет во Штип“, изјави за ТВ Стар присутен на пожарот.
Во последно време, депонијата пречесто се соочува со оган , поради што од ЈП Исар ќе ги засили контролите, но ќе побара помош и од полицијата.
Инаку, ова ер втор посериозен пожар на штипската депонија з акратко време.