Потрагата во која беа вклучени Општина Карбинци, Шумската полиција, ЈП „Серта“ и Дирекцијата за заштита и спасување, по исчезнатата Риска Донева , претпладне е успешно завршена.
Потрагата беше координирана , но не лесна за сите со оглед на ночните часови и планинската неизвесност, но сепак среќниот епилог е најважен, смета градоначаникот на Карбинци Виктор Паунов.
65-годишната Риска вчера попладне се оддалечила од викендиците кај Вртешка и отишла да бере чај, но залутала и ноќта ја минала во планина.
ТВ Стар контактираше со семејството кое ни кажа дека Риска ноќта ја поминала под дрво, целосно покриена со листови за да се заштити од студ и животни. Утринава , повторно се обидела да го најде патот за назад, но завршила на радовишкиот дел од планината.
Ноќта за Риска , но и за нас, беше една од најтешките и најдолгите , но среќни сме што се’ заврши добро и таа е повторно со нас дома. Исплашена е, вознемирена и во шок, но други здравствени проблеми, нема, кажа за ТВ Стар сопругот на Риска.
Можноста да се залута во планина , за луѓе кои немаат доволно искуство е голема, па од планинарското друштво советуваат.