Вчера , Брегалница во Банско играше 0-0 со Стеауа од Романија. Одбраната е доста цврста, сигурна, и младите задоволија, доаѓаа во гол шанси., како што беше со Кудев, Димитријевски, искоментира подоцна Илчо Георгиевски, шеф на Стручниот штаб на Брегалница.
Штипскиот прволигаш, по средбата со Стеауа, се врати во старата база Пехчево. Пријателската средба со Академија Пандев, која требаше да се одигра на 23 јули е одложена, Брегалница до почетокот на првенството ќе игра со Кожув на 27 јули и со Беласица на 31 јули.