13 C
New York
Wednesday, September 28, 2022

Buy now

spot_img

Епилогот од синоќешниот страотен пожар во свињарска фарма кај Штип се над 200 прасиња и товеници кои изгореа заедно со објектот

Во вчерашниот пожар кој избувна околу 22 часот во село Долани изгоре свињарска фарма со околу 500 прасиња и товеници, од кои дури над 200 изгореа заедно со објектот.

Како и вчера вечер и денес наутро гледката беше страотна, а на местото беше само сопственикот кој ги расчистуваше остатоците, а надвор од камерата успеа да каже само дека штетата е огромна.

Голениот пожар до доцна во ноќта, го гаснеа 10 пожарникари со три пожарни возила.

Некои глетки беа страшни и трауматични з агледање како оваа на полуизгорена товеница со своите прасиња.

Синоќешниот пожар во свињарската фарма во Долани е еден од најголемите од ваков вид во регионот и доаѓа во време кога сточарството и сточарите се соочуваат со огромни проблеми и предизвици поради енергетската и економска криза.

Засега останува нејасно која е причината за големиот пожар кој направи огромна штета. Истата треба дополнително да се утврди.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,506FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles