13 C
New York
Wednesday, September 28, 2022

Buy now

spot_img

Жители на Косово – краделе на Градскиот пазар во Кочани, Уапсен пробиштипјанец поради кражба во стариот студентски дом

Двајца државјани на Косово на возраст од 54 и 63 години биле фатени како џепарат на градскиот пазар во Кочани. Полицијата нив ги фатила на лице место при извршување на тешка кражба на дрзок начин, односно при одземање пари и други предмети од чанти на неколку лица.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле приведени во полициска станица .

Освен во Кочани, полицијата крадец уапси и во Пробиштип. Таму лице на возраст од 31 година  на почетокот на јули со употреба на сила и подесен алат влегол во поранешниот студентски дом „Доне Божинов“ и одзел повеќе предмети.

По целосно документирање на случајот, против сите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,506FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles