Угинати риби поради загаденост на водата на реката Брегалница во Делчево утрово регистрираа членови на Спортско-риболовното друштво ,,Брегалница”. Оттаму велат дека станува збор за помор и алармираа за итна постапка од надлежните во врска со моменталната состојба во реката Брегалница. Појавата е забележана и од граѓани кои живеат близу до реката, кои велат дека веќе подолг период во речното корито се забележливи мрсни дамки, кои според нив можат да укажат која е причината за загаденоста на водата.