15.1 C
New York
Sunday, October 2, 2022

Buy now

spot_img

Од една година на еден месец се намалува процедурата за инсталирање на кровни фотоволтаици

Од една година до максимум на еден месец се намалува процедурата за добивање дозволи за поставување фотоволтаици на семејни кровови и за малите потршувачи, велат од Регулаторната комисија.

Добивањето градежна дозвола од општините за инсталирање на фотоволатици засега беше еден од најголемите проблеми на граѓаните кои одлучуваа да инвестираат во сопствено производство на електрична енергија. Во тек се измени на Законот за градба во кои се бара, домаќинствата кои ќе поставуваат фотоволтаици на своите кровови повеќе да немаат обврска да добиваат решенија од општината за поставување на фотоволтаиците.

Освен ова, од Регулаторна најавуваат и друга поволност.

Домаќинствата струја сега ќе продаваат и на ЕВН ХОМЕ и за произведената електрична енергија нема да имаат обврска да плаќаат мрежарина, и на тој начин ќе заштедат многу средства.

Од министерството за економија сметаат дека со новите правила на граѓаните и компаниите им се овозможува да произведуваат електрична енергија на нивните покриви и да ја продаваат на откупувачот и дистрибутер на електрична енергија. Досега во Македонија има околу 500 домаќинства кои инсталирале фотоволтаици над своите домови. Надлежните потенцираат дека инвестицијата чини околу шест илјади евра и на краток или среден рок таа е одлично исплатлива.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,509FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles